Битка за финале тешка 2 милијарди евра
Foto

Битка за финале тешка 2 милијарди евра

Фудбалска Европа вечерва ќе го добие првиот финалист во Лигата на шампионите. 

Од 21 часот на стадионот „Ал Итихад“ во Манчестер, Сити е домаќин на ПСЖ во битката за финале тешка скоро 2 милијарди евра според вредноста на играчите на фудбалскиот маркет.  Во првиот чин од спектаклот, на Паркот на принцовите во Париз, „граѓаните" стекнаа капитал со победата од 2:1. Сепак, психолошката бариера и фактот дека редовно испаѓаат пред завршната претстава ќе биде реален проблем за нив.

За минатогодишниот финалист ПСЖ, основна грижа е дилемата околу настапот на повредениот Килијан  Мбапе. Последниот тренинг тој го одработи со помал интензитет и одвоено од колегите, но последните информации говорат дека ќе биде во стартниот состав.

Во второто полуфинале утре во Лондон, Челзи го пречекува Реал по мадридските 1:1 на првата средба.

0 Коментари

Остави коментари