Битиќи за ТВ 24: Треба да се укине позицијата прв вицепремиер

Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека треба да размисли зау кинување на позицијата прв вицепремиер на која сега се наоѓа Артан Груби. Според него, оваа позиција е воведена како резултат на политички догиовор, но и дека СДСМ во договор со коалиционерите размислува за намалување на министерски места.

Битиќи рече дека претседателските избори ќе бидат потврда на победата на парламентарните избори во корист на сегашната влада. Тој изјави дека според него процесот на уставни измени не е мртов и смета дека ако постои деловничка можност по изборот на техничка влада на 28 јануари, веднаш на истата седница да се стават и амандманите за устави измени.

- Ако поастои можност јас мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада во ист дена да се стават на гласање и уставните измени. - изјави Битиќи.