Битиќи за ТВ 24: Техничката влада да ги гласа уставните измени - во ист ден и нова влада и уставни измени
Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека претседателските избори ќе бидат потврда на победата на парламентарните избори во корист на сегашната влада. Тој изјави дека според него процесот на уставни измени не е мртов и смета дека ако постои деловничка можност по изборот на техничка влада на 28 јануари, веднаш на истата седница да се стават и амандманите за устави измени.
- Ако поастои можност јас мислам дека најдобро е откако ќе биде изгласана техничката влада во ист дена да се стават на гласање и уставните измени. - изјави Битиќи.
Во однсо на претседателскиот кандидат тој рече дека 61 пратеник бараше друг претседател кој ја направи државата заробена.
- Тоа е матрицата на таа политичка партија. Не калкулирам со бројки, знам дека сме докажале дека имаме коалициски капацитетт и ќе го предводиме европскиот фрон и тој ќе бидеп обедник н а следните избори ио ќе владее до 2028 и ќе ја донесе државата до ЕУ. Пред победата на парламентарните избори, нашиот кандидат за претседател ќе добие мандат за наредните пет години. Оставам да ги видиме резултатите на 8 мај. - рече Битиќи.