Битиќи за ТВ 24: Одлуката дека може да има премиер Албанец е составен дел од концептот за едно општество

Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека премиерот Ковачевски даде изјава дека ќе се испочитува договорот од изборите од 2020 да последните 100 дена од техничката влада, местото премиер припадне на премиер од етничка албанска заедница.

- ДУИ излезе со предлог тоа да биде Талат Џафер. ЦО ќе треба да го соодветно да го помине и да се формализира владата. Вчера се донесе одлука претседателот да продолжи со преговорите за составот на техничката влада во која сите опции се отворени. Одлуката дека може да има премиер Албанец е составен дел од концептот за едно општество. Јас сум поборник на тој концепт и се е во духот на размена на позициите. И министерството за политички систем да го води некој од македонска или друга етничка припадност, тоа е духот кој сакаме да го промовираме. - рече Битиќи.