Битиќи за тв 24: Детали од шестиот пакет економски мерки
Foto

Битиќи за тв 24: Детали од шестиот пакет економски мерки

Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања во емисијата 24 анализа говореше за шестиот пакет мерки рече дека два месеци барале договор и разумност од тие кои вчера декжоа дека ќе направат кворум. Ако не сфатат дека помошта е за 60 000 семејства, тогаш несфатливо е да се ускратува елементарното за тие семејства.

„Од утре започнува периодот на аплицирање за новиот пакет мерки и веќе се во координација воУЈП кои ќе работат на пријавите и исплатите да тргнат веднаш, зошто знаеме колку е тоа потребно да стигнат сретствата до граѓаните. Мерката ја имаме предвидено за 60 000 плати или за 120 000 за два месеца. Тие сретства треба да стигнат до нив, ако претходно сопствениците некаде се задолжиле, ние ќе им ги вратиме парите за да им помогнеме наредните месеци.“ - рече Битиќи.

Во однос на фирмите и кредитит, смета дека ќе има интерес, зошто се нудат бескаматни кредити со доволен грејс период, неповратни сретства поцентуално и тоа е добар модел со кој ќе се помогне да се подобри ликвидноста и понатаму да можат да опстанат.

„Не стравуваме дали ќе има интерес, туку дали ќе имаме доволно финансиски сретства лоцирани и дали ќе треба уште да најдеме, зошто интересот е секогаш поголем од тоа што го обезбедуваме.“ - рече Битиќи.

Утре ќе има прес конференција со најава за шестиот пакет мерки со детали кој се ќе биде опфатен и ќе најавиме и мерката операционализирање на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити кој беше синоним за финансиска исплата на плата, рече Битиќи. Во врска со отпис на договите, Битиќи рече дека се собираат информациите од сите претппријатија на локално и централно ниво.

„Целиот угостителски сектор годишно придонесува со помалку од 2% од бруто домашниот прозивод. 11% од четирите пакети мерки е отидена во угостителството. Обезбедивме Ковид, 1, 2 само за угостителскиот сектор, Ковид 4 кои утре ќе го претставиме пак е за угостителскиот сектор. Во Ковид 4 има 50% неповратни сретства и рестораните за свадби ќе добијаат соодветна мерка помош, како еднократна помош.

Битиќи рече дека една одклучните мерки е угостителството и соодтветно ќе одговорат на на другите субјекти кои се затворени како фитнес центрите. Ќе се надокнадат 30% од проходите во одреден временскио период. и дополнително ќе се надокнадат трошоци за врабтените. Ќе бидат покриени сите кои со одлука на владата беа затворени и соодветно најбрзо ќе се спроведе мерката помош. Битиќи ги презентираше бројките спореде кои 6000 субјекти се од угостителскиот сектор, од кои 2250 субјекти се со 0 вработени, а 2926 се со еден или два вработени, 440 имаат 6-10, 334 имаат 11-50 и само 18 субјекти имаат над 50 вработени.

0 Коментари

Остави коментари