Битиќи во 24 анализа: Не се гледа ефектот од унграскиот кредит наменет за локалните самоуправи
Фатмир Битиќи од СДСМ во 24 анализа рече дека преку банките одобрени се 83 милиони евра унгарски кредит. Според него, за овие пари банките одредиле правило со кое ги условуваат стопанствениците, покрај одобрените унгарски средства да земат и кредит од банката. Тој зборуваше и за тоа дека не се гледа ефектот на парите од кредитот кои беа најавени за локалните самоуправи.
„83 милиони се одобрени кредити преку банките од унгарскиот кредит. За овие 83 милиони банките поставуваат ново правило а тоа е на повеќе од стопанствениците им велат земете нешто од нашите пари и нешто од унгарскиот кредит, па ги мешаат и ги врзуваат каматните стапки. Владата тука треба да реагира за да се види вистинкиот ефект. Не ги гледаме ефектите од парите кои беа најавени за локалните самоуправи“, рече Битиќи.
Тој зборуваше и за кражбата што се случи во неговиот дом. Најави дека ќе чека институциите да реагираат.
„Оставам на институциите. На крај на денот јас сум јавна личност. Сметам дека сите институции треба да се грижат за сите граѓани. Очекувам да си ја завшрат работата. Не сакам да првам конспирации, снимките се дадени во МВР. Кажав дека сум отворен и за дополнителни разговори. Очигледно тие кои имале намера имале одрден мотив, останува институциите да кажат кој е мотивот, јас се надевам дека мотивот не е затоа што вршам одредена јавна функција“, додаде Битиќи.