Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека

Агенцијата за вработување ги издаде првите позитивни мислења за  работна дозвола за странци  до министерството за внатрешни работи. Се работи  за две лица од Непал, како и за 10 лица од Пакистан. Од Бангладеш засега нема поднесени барања.

Коморите  од секторите угостителство, туризам и градежништво подолго време алармираат дека во недостиг на домашна работна сила, се приморани да бараат  странски работници од далечниот исток, со барање уште повеќе да се либерализира пазарот на труд.Вицепремиерот Битиќи вели дека увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека.