Битиќи: Политиките на Мицкоски се неуспешни, тоа го потврдува и Светската банка
Светска банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава. Овој извештај не е технички документ, тој е слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Нашата економија е во слободен пад. Наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП – јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни, економијата ни е на смртна постела, вели Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.

