Битиќи: Очекуваме следната година инфлацијата да биде од 2 до 2,5 отсто исто како и растот на БДП
Следната година земјава ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики но и покрај тоа што наредната година има два изборни циклуси – претседателски и парламентарни избори – вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Очекува следната година инфлацијата да биде од 2 – 2,5 отсто а исто толкав годишен раст на БДП.