Битиќи очекува следната година инфлацијата да биде од 2 до 2,5 отсто исто како и растот на бдп, граѓаните стравуваат

Следната 2024 ќе биде година на економско закрепнување, оптимист е вицепремиерот Фатмир Битиќи. Освен што е сугурен дека економијата догодина ќе надмине раст на БДП од два и пол отсто, тој вели дека и стапката на инфлација ќе се стабилизира на ниво од пред кризата. 

„Очекуваме догодина да бидеме на ниво од 2,5 отсто инфлација, и се разбира да имаме толкав годишен раст на БДП.“ - изјави Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.

Ваквите проекции на намалување на трошоците на живот и подобрување на куповната моќ, според надлежните се должи на ефектите од владините мерки. ТВ 24 и денеска поразговара со дел од граѓаните кои ги сретнавме по откако пазареа. Најголемиот дел од нив се пожалија дека едвај го поминуваат месецот. 

„Исто е се. Како што беше така е и сега, тешко е, многу е тешко. “

„Задоволни сме од тоа што се поевтинува.“

„Кој не прашува дали е скапо или евтино, мора да купиме, мора се јаде. “

А официјалните податоци на државните институции покажуваат дека жителите на Скопје плаќаат најскапи прехранбени производи во Македонија.

Еден килограм свинско месо во просек во главниот град чини нешто под 400ни денари, во градовите од внатрешноста исто месе се продава по цена од 320 денари. Главниот град има најскапи млечни и месни производи. Ако едно литро млеко во Скопје се наплаќа по цени од 65 денари, во Велес и Кочани тоа се продава по цена од 58 денари. Во Скопје се продава ио најскапиот зеленчук, овошје, но и јајцата.Рекордна цена има и оризот, килограм во Скопје чини 160 денари а во Струмица 100 денари.

Дел од мерките кои ги објави владата а имаат за цел  спревување со кризата, може да се дефинираат и како предизборно манипулирање со граѓаните, сметаат експертите. Од Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк велат дека вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. 

„Одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата но помогаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици.“ - велат од Институтот за економски и политички анализи Finance Think.

Државната статгистика пред неколку дека објави дека на месечно ниво има стагнација на инфлаторните движења, додека на годишно ниво трошоците на живот се зголемени за нешто над три отсто, анализирајќи го периодот ноември годинава во однос на истиот месец лани. Најголемиот дел од  економистите и порачаа на владата да не соопштува кога планира да ја  укине  мерката за гарантирани цени, за да се избегнат планови на трговците за нов раст на цените на храната.