Битиќи: Непознаница е дали и колкава би била новата цена на струјата
Foto

Битиќи: Непознаница е дали и колкава би била новата цена на струјата

Се поизвесно е дека нова цена на струјата ќе има, но за колку ќе поскапи електричнанта енергија ќе зависи од производството на државни електрани и побарувачката на ЕВН.

За енергетските компании ќе има нова владина помош, но колкава сума ќе се одвои за помош на компаниите и ублажување на ценовниот шок за граѓаните ќе се знае со Ребалансот на Буџетот, кој вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи најави дека ќе биде готов за десетина дена. Она што засега е познато е дека до крајот на годината остануваат мерките за 5 отсто ДДВ за струјата и помош за ранливите категории на граѓани.

„Се прават финалните калкулации, дали побарувачката т.е. потребата на ЕВН ќе ја обезбеди ЕСМ, второ дали капацитетите домашни за производство се доволни за да ја испорачаат оваа елекетрична енергија и дали ќе има потреба од увоз.“ - изјави Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

За пополнување на дупката во Буџетот, Владата веќе најави дека ќе се задолжува на финансиските пазари, но се уште го чека одговорот од тимот на ММФ, кој беше во проценка на кондицијата на македонската економија. Според Битиќи покрај заемот од ММФ, ќе се издава и еврообврзница.

„Се надевам за 10 тина ќе дојде Ребалансот на Влада, и тогаш ќе се знае колку пари се бараат како еврообврзница, колку од ММФ и колку од други извори.“ - изјави Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

Според најавите од идниот месец треба да почне со примена и новиот тарифен модел со воведување блок тарифи, чии анализи и подготовки се во тек. Според надлежните со новиот модел најранливите категории граѓани ќе бидат заштитени. Последното поскапување на електричната енергија беше на крајот на декември 2021вата, за 9.48 проценти.

0 Коментари

Остави коментари