Битиќи ќе присуствува на седницата на УО на КИФ за Западен Балкан
Foto

Битиќи ќе присуствува на седницата на УО на КИФ за Западен Балкан

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Белград ќе присуствува на седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на покана на ко-претседавачите на КИФ за Западен Балкан, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

На седницата, информираат од Владата, вицепремиерот Битиќи и претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ – Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската Комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово,  ќе дискутираат за инвестициските политики во регионот на Западен Балкан, како и за потенцијалите за зголемување на атрактивноста на регионот како инвестициска дестинација.

0 Коментари

Остави коментари