Битиќи: Ако сега ги зголемиме платите за 10 или 15 посто за неколку месеци некои други ќе бараат исто зголемување

Се плашам дека ако сега ги зголемиме платите за 10 или 15 посто за неколку месеци некои други ќе бараат исто зголемување. Штрајковите не се решение туку треба да седнеме и да најдеме системско, долгорочно решение за платите во јавниот сектрор, вели вицепремиерот за економски прашања Битиќи, тој во интервју за Трилинг вели и дека нема да има зголемување на цената на струјата.