Бислимовски очекува пониска цена на гасот со стартот со работа на терминалот во александропули
Поефтин гас за индустријата и домаќинствата во земјава ќе донесе почетокот на работата на терминалот за течен природен гас во грчки Александрополис.
Според првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски добра вест е најавата дека овој терминал ќе почне да работи од идниот вторник на 1 октомври. Овој проект е од исклучително значење и за регионот, но и за земјава оти преку него ќе дојдат сериозни количини природен гас, вели Бислимовски.
Значајно за овој терминал е што тој ќе ја снабдува источна Европа со природен гас од друг извор, а тоа да не е руски. Земјава е сопственик на 10 отсто од терминалот и една четвртина од 800 ватната гасна централа во Александрополис, откако пред три ипол години Македонија официјално стана дел од проектот за негова изградба. Сепак, првично гасот ќе го добиваме индиректно, вели Бислимовски.
Гасот во Алексадрополис во количина од 5,5 милиони кубни метри годишно ќе доаѓа преку специјално адаптиран танкер. Тој ќе испорачува природен гас до грчкиот преносен систем и од таму до крајните потрошувачи во Грција, Бугарија, Романија, Македонија, Србија и понатаму до Молдавија и Украина на исток и Унгарија и Словачка на запад. Влогот на земјава се предвидува на околу 132 милиони евра, а со македонскиот дел ќе управуваат ЕСМ и Национални енергетски ресурси.