Бислимовски: Ги охрабрувам сите мали компании да се вратат на слободниот пазар на струја
Континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа е императив во борбата за намалување на загубите на вода од извор до чаша, која согласно податоците за 2023 година на ниво на цела држава во просек изнесува над 60 проценти.
Ова беше истакнато на 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG (European water regulators), што се одржува денеска во Скопје.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски посочи оти во регионот сме една од земјите со највисоки загуби.
- Во Македонија загубите на вода, некаде на ниво на цела држава се, 62-63 проценти.
Тој охрабрува малите компании да се вратат на слободниот пазар на струја каде можат да се снабдат по поевтина цена. Со тоа, ќе го намалат притисокот кај домашниот пазар, кој пак притисок резултира со покачување на цената на струјата за домаќинствата.