Бислимовски: Евентуална корекција на сметките за парно во јули - домашните фирми да се третирани како странските
Намалување на цените на парното за домаќинствата како за фирмите засега нема да има- вели првиот човек на регулаторната комисија Марко Бислимовски за ТВ 24 бидејќи грашаните имаат субвенционирана цена за парното до крајот на грејната сезона. Евентуална корекција на сметките може да очекуваат во јули.
Бислимовски вели наредната недела ќе достави барање до Стопанската комора и неколку предлози во однос на стратешките инвестиции со кои граѓаните може да добијат поевтино парно. Бара еднаков третман на домашните енергетски компании со странските кои Владата ги претставува како стратешки инвестиции.
Пред една недела регулаторна објави дека јавните претпријатија и приватните фирми кои корристат парно ќе добијат пониски сметки за 35 отсто поради намалената цена на гасот на светските берзи. Инаку, пониски сметки ќе добијат околу 1.200 фирми и институции, кои трошат околу 20 проценти од потребните количини на топлинска енергија.