Бислимовски: Ако државата гради во енергетика, страв ми е од корупција
Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитети, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, вели Бислимовски.