Бишевац: Заев неуспешно се обиде да им се додвори на бугарските власти
Foto

Бишевац: Заев неуспешно се обиде да им се додвори на бугарските власти

„Македонија ќе има голем проблем со Бугарија, оние кои слепо му веруваа на Заев дека по Преспанскиот договор се покажа дека Македонија ќе има сериозни пречки пред себе и во иднина“. Да не се забораваат тезите од скандалозното интервју на Заев кое се граничи со неверување, тврдења и позиции кои пред се имаат цел да им се додвори на бугарските власти. Сега засега е само партиска позиција затоа што Заев не успеа тие ставови не ги усогласи со опозицијата. Поголемиот дел од тие работи најдоа плодно тло кај бугарската јавност. Позицијата на Заев и начинот на кој се обиде да избоксува во оваа ситуација, се виде дека јавноста не го прифаќа тоа. Нашата позиција во моментов не е подобра за разлика од тогаш кога го добивме ветото на министерско ниво“ - вели Сафет Бишевац, новинар во Студио 10 на ТВ24.

Поразличен став од Бишевац има аналитичарот Алберт Муслиу.

„Оптимист сум дека ќе има договор, однесувањето на некои бугарски политичари е неодговорно, но сепак деновиве сум пооптимист. Имаме најави за некои теми кои се неспорни. Слушнавме дека високи политички личности велат дека не се работи на инфраструктура. Каракачанв тука го воздигнавме како врвен политичар, а тој иако е потпретседател на Влада, е дел од мала политичка партија. И после првата блокада во Бугарија , сепак видоа дека не може се да биде под нивна контрола. Не мислам дека Заев треба да биде шоумен, не може сите да бидеме експерти, јазични, историски. Многу паушално се зборува за идентитетот, мислам цела Бугарија да ти каже дека не си Македонец, нема да ти го наруши идентитетот“ - вели Алберт Муслиу, аналитичар во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари