Бишевац за ТВ 24: Ние немаме систем за борба против корупцијата

Екс пратеникот Сафет Бишевац во емисијата 24 анализа вели дека однесувањето на Бујар Османи не е ништо друго, туку намалување на штетата која е очигледна и ќе се случува по актуелната владејачка гарнитура.

- Ние немаме систем за борба против корупцијата. Имаме антисистем во кој корупцијата е движечката сила. Ако нешто покажаа во изминатите години, суштински Заев и Ковачевски не се ништо друго освен играчи на тој систем. Со тоа не се амнестира од одговорност и Груевски и фамилијата кои се основа на корупцијата. Голема шанса за општеството е потегот на САД, за да се изградата институциите од темел. - вели Бишевац.