Билјана Јовановска од Агенцијата за вработување се сели во ПИОМ
Foto

Билјана Јовановска од Агенцијата за вработување се сели во ПИОМ

Владата донесе одлуки за именувањa. Фондот за здравство и ПИОМ добија нови в.д. директори. Владата заклучи да му препорача на управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, за в.д. директор да ја избере Билјана Јовановска, која до сега беше директор на Агенцијата за вработување.

За в.д. заменик директор е предложен Шаип Зенељи. Прифатена е оставката на Орхан Рамадани од директор на Фондот на здравствено осигурување и Фатон Ахмети е именуван за в.д. директор на фондот, до распишување на конкурс.

0 Коментари

Остави коментари