Биљали за ТВ 24: Нема механизми со кои може да се контролираат изборите да бидат фер и демократски
Универзитетскиот професот Мерсел Биљали во емисијата 24 анализа рече дека потпишувањето на кодексот нема некое значење и нема никакви механизми со кои може да се контролираат фер и демократски избори.
- Треба да се воспостават и почитуваат кодекси за фер и демократски избори. Кај нас и законот кога нешто императивно предвидува, тоа многу тешко да се почитува. Партиите тоа го прават за јавноста. Претседателот според меѓународното и внатрешно право е татко на нацијата и не треба да биде партиски човек. Се бара авторитативен човек кој постигнал многу во сите области и како личност има сила. Тоа ние го немаме. - вели Биљали.