Биљали: Велат, народот е виновен, затоа што треба народот на клоци да избрка режим кој не ги исполнува обврските
„Позитивно сум изненаден што смогнале сили заеднички да се договорат 2-3 струи во СДСМ, се покажа дека постои некаков демократски капацитет во таа структура. Есенцијата на политиката е да се најде решение кога позицијата ви е во ќор сокак. Кога имате повеќе претенденти, па суетата од минатото, очекувам дека денеска ќе излезат со кандидат за премиер. Не сакам да бидам песимист, но претпоставувам дека најлошото е зад нив, па една помлада генерација има сила и енергија може да се фати со сите проблеми. Држави кои до вчера беа банана-држави, направија нешто, влегов во Г20, секогаш зад нив стои некој лидер со идеал. Можеби е и фашист, како Пиноче. Дали конечно ќе дојдеме до некоја генерација која ќе сфати дека треба да прави нешто за државата? Велат, народот е виновен, затоа што треба народот на клоци да избрка режим кој не ги исполнува обврските. Тоа е улогата на власта, ако таа е мирна, ако нема силни протести, нема критична маса. Тогаш има комотна власт. Крајно време е нешто да се направи“ - вели Мерсел Биљали - универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.