Билали за ТВ 24: Индикативно е што ова што се случува во Алијанса сега пред две недели беше најавено од Мицкоски

Според мене добро е што господинот Зијадин Села за сабота најави Централно собрание и нивните легитмни органи ќе ги решаваат проблемите. Што се однесува до изборниот резултат и влијанието на ова врз ДУИ мислам дека нема да има влијание судејќи според анкетите и рејтинзите на ДУИ. Ние не се потпираме на гласовите на Алијанса и според сите анкети ДУИ е неприкосновен победник, вели Арта Билали од ДУИ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

- Индикативно е дека ова што сега се случува во Алијанса за Албанците пред две недели го најави Христијан Мицкоски. Тоа значи дека еден дел од Алијанса е подготвен да го поддржи Мицкоски, но како тие ќе настапат кога ќе дојдат на ред уставните измени против кои ВМРО-ДПМНЕ отворено е против, а што е кочница за ЕУ. Мицкоски за ова беше добро брифиран за ова од врвот на Алијанса, вели Билали.

Билали вели дека би сакала да можеше да се отвори Уставот и веќе да почнеа преговорите со ЕУ оти македонските граѓани имаат право на подобар живот, а тоа ќе го овозможи ччленството во ЕУ.

- Имам чувство дека само губиме време, а не верувам дека ќе се согласат 27 земји членки на ЕУ кои ја изгласале таа преговарачка рамка сега да се менува, вели Билали.  

Билали вели дека 15 пратеници сигурно ќе имаат на претстојните избори, а со кампањата за прв премиер Албанец што и се оствари очекуваат и 18 пратеници.

- Срамна е реториката да се каже дека никогаш нема да има премиер Албанец, оти ДУИ ја гласаат деловно способни граѓани Албанци. Северна Република Македонија во Европа важи како земја која успеа да ги надмине меѓуетничките тензии. Не може 120 илјади Албанци кои гласаат за ДУИ да се исклучат, вели Билали.