Безбедносен скандал во Собранието

Отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Онишченко е прекинат откако по пријава до пратенците излезе информација дека иако затворена за јавноста седницата на собраниската комисија за надзор на работата на тајните служби се пренесувала на јутјуб каналот на Собранието.

„Јас сум овде гостин. Ми беше речено да се прекине седницата и јас се согласив. Ја почитувам независноста на парламентарниот дом, а одговорноста ја носат раководителите на овој дом.. Уверен сум дека се преземени мерки и дека случајот ќе се расчисти. . Ќе оставиме Собранието да си ја заврши работата и да се направат проверки“, изјави Димовски по прекинот на седницата. 