„Безбеден град“: Од утре казни во Скопје, Тетово и Куманово
И ако оспоруван по повеќе основи – Безбеден град од утре ќе казнува сообраќајни неправилности. Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10 ќе бидат под постојан мониторинг на системот. Ќе се казнува по неколку основи - прекумерна брзина, минување на црвено светло на семафорите, непрописно паркирање и возење без сообраќајна дозвола. Од Министерството за внатрешни работи велат дека камерите, кои се дел од системот, се поставени на критични точки каде биле регистрирани голем број прекршоци и човечки жртви.
МВР
„Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и на целата држава. Тој ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот и ќе ги санкционира сите оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, на сопствена штета и штета на другите учесници во сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“, се наведува во соопштението.
Од МВР за телевизија 24 велат дека се надминати пропустите кои беа забележани за време на тест-периодот, но потенцираат дека нема да има толеранција за прекршоци со одредени исклучоци во зависност од ситуацијата во која ќе се затекнат учесниците во сообраќајот....
Поголемиот дел од граѓаните со позитивен став очекуваат системот „Безбеден град“ да го нормализира сообраќајот и да ги намали прекршоците на возачите.
Системот „Безбеден град“ предизвика лавина реакции во јавноста откако на голем број возачи им пристигнаа известувања за прекршоци, дури и за минимално надминување на дозволената брзина од 50 км/ч за што во најава е е одредена толеранција во однос на овој проблем. Системот е спорен и за дел од албанските партии и политичари, за што беа поднесени три иницијативи до Уставниот суд – законското решение го оспротуваат и опозиционерите Таравари и Села... Инаку, висината на казните изнесува од 15 до 200 евра а за одрдени прекршоци ќе бидат оземани и возачките дозволи....

