Без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и Балкански Универзитет

Без вода денеска од 9:15 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада, вклучително и Балкански Универзитет.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улицата Македонско Косовска Бригада 3/61.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.