Без вода дел од општина Центар
Дел од општина Центар во текот на денов ќе остане без вода за пиење, информираат утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснуваат, водоснабдувањето од 11 часот ќе биде прекинато за корисниците на дел од улиците „Боро Петрушевски“ и „Ѓорѓи Абаџиев“.
Во соопштението се наведува дека причината за прекинот во водоснабдувањето е водоводен приклучок на улицата „Боро Петрушевски“.
Поради уличен дефект пак, вода за пиење во моментов немале дел од корисниците од улиците „Прохор Пчински“, „Јоаким Крчовски“ и „Самоилова“.