Без вода дел од корисниците во Инџиково и хотел „Белви“

Поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 100мм на ул.2 бр.150 во Инџиково, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Инџиково и хотелот „Белви“.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато во 6.50 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.