Без вода бул. „Митрополит Т. Гологанов“, намален притисок во Радишани и околината
Денеска, 6 јуни 2026, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најави прекини во водоснабдувањето на неколку локации во градот, поради технички зафати и дефекти. Прекините ќе траат во утринските и дневните часови, зависно од локацијата.
Прекин на водоснабдувањето поради дефект во шахта и монтажа на водомер денес од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе има на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква (Општина Центар).
Во Општина Бутел – во Радишани и Кучевишка Бара, можен е прекин или намален притисок на водата во објектите од 05:00 часот до завршување на интервенцијата, поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел што ги изведува ЕВН.

