Без решение за струшката депонија

Иако уште пред две години се изгради со намера да ја исчисти струшката дива депонија претоварната станица која требаше да го складира и пренесе струшкиот отпад до друга локација до ден денес на проработи, а огромни количества смет и понатаму се носат на постоечката локација. За нејзината инсталација беа потрошени речиси 400 илјади евра. Граѓанските активисти кои со години водеа битка против депонијата се разочарани од тековната состојба.

Ветувањата кои актуелната локална власт постојано ги потенцираше во јавноста дека ќе обезбеди трајно решение за депонијата се потврдија дека се лажни велат активистите. Повеќето од нив сметаат и дека проблемот уште долго време нема да се реши.

На почетокот на минатата година Владата додели и дополнителни 200.000 евра за транспорт на отпадот, но Мерко тогаш побара тие финансиии да се пренаменат за тековно одржување на постоечката лоакција и покрај тоа што ветуваше трајна дислокација. Од Алијанса на Албанците прашуваат каде завршија тие дополнителни средства и зошто депонијата е сеуште во Струга.

„Го прашуваме градоначалникот Мерко зошто во неговиот трет мандат депонијата се уште не е дислоцирана? Се доделија и финансиски средства за систем за преработка на отпад, но гледаме дека нема ништо од ветеното, а депонијата е онаму каде што ја направи тој!?” - велат од Алијанса на Албанците.

Од Општината не даваат одговор зошто се уште нема решение за депонијата, а од комуналното претпријатие велат дека иако таму секојдневно се депонира отпад истата постојано се третира и одржува со нанесување земја за да се спречи палење. Но вистинско решение за истата и депонијата на Буково мора да има и тоа до крајот на годинава ако се слушаат препораките на УНЕСКО, со тоа што отпадот од двете треба да заврши на една регионална која ќе биде изградена според сите еколошки стандарди.