Без присуство на државниот обвинител Јовески, ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за законот за Јавно обвинителство
Foto

Без присуство на државниот обвинител Јовески, ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за законот за Јавно обвинителство

Речиси 20 минути, толку им требаше на ВМРО-ДПМНЕ да ги достават новите две барања до министерката за правда Десковска на средбата со работните групи и претставниците на пратеничките групи во врска со Законот за ЈО а потоа да ја напуштат работната средба.

Пратеникот Антонио Милошовски информираше дека ќе останат конструктивни и ќе присуствуваат на сите останати работни групи ако биде организирана јавна дебата но и биде повикан да присуствува државниот обвинител Јовевски. Без присуство на Јовевски – нема да има присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната работна група на понатамошните работни средби порача Милошовски.

За министерката за правда Десковска ова е само обид за кочење и одолговлекување на целиот овој процес, но вели ќе биде организира јавна расправа и на истата ќе биде поканет и државниот обвинител. Главен приоритет вели останува во овој кус временски период да се донесе квалитетно законско решение кое ќе треба да се донесе со консензус или со двотретинско мнозинство.

Со допис до јавноста денеска се огласија и осумте независни пратеници кои пак порачаа дека наместо по партиските штабови, законот треба  да биде доставен на разгледување и кај пратениците, но побараа и јавна дебата. Изразија и доза на разочарувањ зошто и до сега не биле вклучени во преговарачкиот процес.

На работната средба присуствуваа и претставници на САД и на ЕУ, како и претставници на граѓанскиот сектор. За следната недела се најавува поширока  Јавна расправа со присуство на сите засегнати страни но и експерти и претставници од меѓународната заедница.

 

0 Коментари

Остави коментари