Без поголема еуфорија граѓаните и денеска го блокираат пазарењето кај дел од маркетите

Таргетиран бојкот на два маркети - останатите маркетите во кои ги посетивме можеше да се забележи дека сепак потрошувачите го отвориле својот паричник за да пазарат. Граѓаните со кои поразговаравме велат дека бојкотот е еден од начините за да испратат порака на трговците дека цените се превисоки особено за стандардот, платите и пензиите кои ги имаат.

Сметаат дека бојкотот ќе има ефект само ако како граѓани се цврсти во идејата за бојкот. До крајот на неделата треба да завршат и шестмесечните контроли на Пазарниот инспекторат со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците по што Инспекторатот треба да излезе во јавноста со податоци. 

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши вчера рече дека до понеделник ќе ги соопшти мерките  што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи. 

Супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални маржи, покажала анализата на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Претходниот бојкот на маркетите резултираше со скоро 47 проценти намален промет на осумте најголеми ланци во земјава.