Без договор за законот за ЈО, власта понудила ново обвинителство кое ќе ги гони двете страни, опозицијата одбила
Foto

Без договор за законот за ЈО, власта понудила ново обвинителство кое ќе ги гони двете страни, опозицијата одбила

Без договор заврши вечерашната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски за Законот за јавното обвинителство и за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддрежан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

0 Коментари

Остави коментари