Бесплатно болничко лекување за сите – ветено, неостварено
Бесплатното болничко лекување за сите кое што помпезно беше најавено од страна на здравствените власти, а требаше да почне да важи од 1ви јануари минатата година не се реализираше во целост.
И покрај ветувањата на министерот Филипче дека ниту еден пациент веќе нема да плаќа партиципација за услуга што ја добива во болница, после цела година нема бесплатно болничко лекување за сите.
Наместо тоа владата дел од парите ги пренасочила за платите на лекарите и сестрите, па сега од партиципација ќе се ослободуваат одредени групи на граѓани чекор по чекор. Оваа владина мерка беше и предизборно ветување, но и лекарите и здравствените експерти уште пред да се имплементира предупредуваа дека е нереално ветување за здравствен систем како македонскиот.