Бесплатни таблети калиум јодид за Романците во случај на нуклеарна несреќа

Таблетите калиум јодид ќе бидат дистрибуирани неделава за граѓаните во Романија, јавија романски медиуми.

Шеесет и пет милиграми калиум јодид ќе треба да се земе при случај на нуклеарна несреќа, но, само според упатството на властите во Романија.

 

Таблетите и информации за нивна правилна употреба ќе бидат достапни бесплатно во аптеки низ државата.