Бесплатна градинка и бесплатен оброк од прво до петто одделение во училиште во Лозово
Од следниот месец бесплатна градинка за сите деца согласно максималниот капацитет и бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто одделение во ООУ „Методи Митевски-Брицо“. Со овие мерки општина Лозово ќе им помага на родителите во време на економска криза.
За жал голем процент од граѓаните, не можат да ги овозможат сите потребни услови на сопствените деца поради финансиските потешкотии со кои се соочуваат, затоа оваа мала рурална општина е прва што на родителите ќе им овозможи заштеда од семејниот буџет во висина од 2.000 до 3.000 денари, а доколку семејството е повеќедетно тогаш и заштедата е поголема.
Но, колку ќе ја чини општината ваквата акција?
Цветковски додава дека сите деца заслужуваат еднакви услови и со ова ќе се овозможи да бидат запишани максимален број на деца во детската градинка, како и повеќе финансиски средства кои родителите ќе можат да ги искористат за други намени.
Инаку, освен бесплатна градинка и бесплатен оброк годинава за прв пат во Лозово ќе се воведе и стипендирање на средношколци и студенти, како и ваучери за првоодделенците, но и бесплатна забава за полуматурантите.