Бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија ковид 3
Foto

Бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија ковид 3

Владата на синоќешната седница ја разгледа и усвои информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од ковид-19 и го задолжи министерството за финансии, да потпише договор со развојна банка.

Се работи за средствата од програма п1 во вкупен износ од 60  милиони денари обезбедени и повлечени од ставката награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на европска интеграција на Македонија, за кои владата со официјален допис се обрати до Европската комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари