Бесими за ТВ 24: Деветиот пакет на антикризни мерки се наменети за поддршка на граѓаните и домаќинствата на ранливите категории
Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 Отворено за новите антикризни мерки рече дека ова е 9ти пакет на вакви мерки претставен на овој начин. Пакетот се однесува на таргетирани мерки, за поддршка на граѓаните и домаќинствата на ранливите категории, на стопанството, јавниот сектор и системските мерки за кои со законски решенија се одредени категории кои за време на криза ќе бидат најмногу погодени.
Мерките се 662 милиони евра за стопанството и граѓаните. За граѓаните имаме 155, 6 милиони за поддршка на граѓаните и домаќинствата од кои 71 се од директни фискални апликации, 42 се индиректни, дека не се даваат субвенција, туку се ослободуваат од некои давачки и вонбуџетски апликации се 42.4 милиони евра за субвенции што не се покриваат од буџетот туку се продаваат под пазарната цена. 10 500 000 евра се од буџетски пари, од кои 10 милиони евра се зелената обврзница. Остатокот од 480 милиони евра се, 200 милиони евра се преку поволни заеми од Европско инвестициската банка и 50 милиони евра од француската агенција за развој и 50 миллиони евра се од банката на Советот на Европа. Дизајнирана е мерката дополнително банките да учествуваат со 200 милиони евра. - рече Бесими.