Бесими за ТВ 24: Бесими или некој друг: Ахмети ќе го даде името на идниот мандатар

Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 Отворено истакна дека во однос на темата за премиер Албанец не е само предизборно ветување на ДУИ, туку суштинска инвестиција за градење на државата.

- Да се создаде клима на еднакви можности и да се расчисти со сите предрасуди од минатото. Ние во НАТО имаме позиции каде во различни мисии учествуваме со сите други држави. Во однос на кадровските решенија, има доста кадри кои може да го направт тоа, јас лично во овој период кога сум министер за финансии во време на криза, сум бил свесен за многу предизвици и многу ми е преоптеретена агендата. Не размислувам на таа тема, зошто има кој да размислува. Ахмети кога ќе го има предлогот, јавноста ќе знае. Главна преокупација ми е во темите каде треба да се справиме со предизвиците, предлог буџетот за 2024. Во ДУИ има доста солидни кадри кои може да ја фршат таа функција. Не е само лицитација на имиња, секој граѓанин треба да знае дека кој и да биде премиер, дури и Албанец, тоа ќе биде за сите граѓани. Јас не се гледам на таа функција, фокусиран сум на министерството за финансии до крајот на мојот мандат. Во неколку ресорни министерства имаме министри Албанци.- рече Бесими.