Бесими за ТВ 24: Ако трговците ги зголемуваат цените нереално високо, тогаш народот ќе бираат која храна ќе ја купат

Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа во однос на инфлацијата и поскапувањето на бензините истакна дека на никого не му одговара поскапувањето и дека е бесмислица некој да се надева на повисоки приходи од инфлацијата.

- Тоа што во овој период е загрижувачки е дека движењето на цените во период на неизвесности содржи многу шпекулации, екстра профити и пазарот нема етика, функционира врз основа на рацонални очекувања. Економските трговци антиципираат идни покачувања и ги вградуваат во цеите, купувачите во недостаток на информации се соочуваат со понудата што ја имаат. Тоа се вика „over shooting“, оди нагоре, па се смирува. Тоа што се случува кај нас не е непознато, но треба да се смири. Има предлози од страна на коморите кои ќе бидат корисни да се намалат тие комулативни ефекти. Не може граѓанинот да го носи целиот товар, а не може некој да гледа можност и да искористува. Ако трговците ги зголемуваат цените нереално високо, тогаш народот ќе бират која храна ќе ја купат. - рече Бесими.