Бесими: Се уште не се пристигнати петте кандидатури за државен јавен обвинител

Советот на јавните обвинители ја одложи седницата  на која на дневен ред беа предвидени повеќе точки, меѓу кои и записникот на комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од обвинителката Ленче Ристовска.

Во меѓувреме до Советот на јавни обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите кои конкурирале на огласот за избор на нов јавен обвинител.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека ќе постапи веднаш штом пријавите формално ќе стигнат во законски предвидениот рок.