Бесими: Јавниот долг во рамки на проекциите
Foto

Бесими: Јавниот долг во рамки на проекциите

Јавниот долг е во рамки на проекциите 56,7 отсто, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими. Приходната страна на буџетот има раст од 4,4 проценти во споредба со првиот квартал од 2020 година кога се уште не можеше да се забележи ефектот од пандемијата врз економијата.

За буџетскиот дефицит, Бесими вели дека тој е понизок за 7,4 проценти во однос на лани, и покрај планираните приходи и расходи, пониското ниво на дефицитот е поради добрата реализација на приходите, односно тој е 1 процент од БДП.

0 Коментари

Остави коментари