Бесими ги повика младите да не заминуваат во странство бидејќи за 7 години ЕУ ќе дојде кај нас

Над 9000 млади луѓе секоја година ја напуштаат земјава, а околу 1500 од нив се школуваат во високообразовните институции во Словенија. Потребно е инвестирање во образованието, но и вработување на младите во институциите за да ги задржиме во земјава.

Ова беше кажано на денешната панел дискусија „ Враќање и задржување на домашниот млад високообразуван кадар од Словенија во Македонија“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија.