Бесими: Економската состојба е сериозна, финансиите стабилни
Foto

Бесими: Економската состојба е сериозна, финансиите стабилни

Финансиите во државата се стабилни и во екот на оваа најголема криза досега, министерот за финансии Фатмир Бесими најавува редовна исплата на ДДВ за фирмите и сите други обврски кон приватниот и кон јавниот сектор.

На својата прва прес конференција како прв финансиер Бесими со смирувачки тон, но сепак предупредува на сериозната економска состојба во која дојде државата поради  коронавирусот и епидемиолошката криза на светско ниво. Буџетот не се полни како што сме планирале со ребалансот. Реализацијата на приходите е 65,5%, а на расходите 68,9%. Капиталните инвестиции се реализарале само 41%. Потребно е ново прекројување на државната каса, кое најверојтано ќе се најде пред пратениците следниот месец.

„Економската ситуација е сериозна. И тоа сите треба да со сфатиме. И граѓаните и државните институции и приватниот сектор. Но ова не е за да плашам некого, туку за да ја сфатиме сероозноста. Дали има решение? Има. Финансиски гледаме добро да се планирани работите и на тоа да го додадеме четвртиот пакет мерки. Да го ублажиме ефектот на кризата во третиот и четвртиот кавратал и во 2021 година, ако нема нова здравствена криза, да влезе во период на позабрзан раст.“ - вели Бесими.

Министерот не открива што се ќе има во четвртиот пакет антикризни мерки, ниту колку тој ќе тежи, но вели дека се ќе се знае до крајот на месецот. Пари ќе се обезбедат најпрво со репрограмирање. Но токолку овие пари не стигнат, Бесими уверува дека можеме да се задолжиме на домашниот пазар.

„Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се се дефинира сетот на мерки.“ – рече Бесими. 

Економијата во првата половина од годинава падна на -6,4 отсто, од кој само во вториот квартал минусот е 12,7 отсто. Јавниот долг стигна до цврената лина, 59,5%. Но во мандатното писмо на Бесими пишува дека тој треба да ја врати економијата во позитива, да ги зголеми платите за 20% до 30%, а невработеноста да ја намалува годишно за 3 процентни поени.

0 Коментари

Остави коментари