Бешлиовска, во 24 анализа: Медицинските сестри не можат да бидат херои со непризнато образование или ниски плати
Претседателката на Унија на здружение на медицински сестри, Гордана Бешлиовска, во 24 анализа рече дека, намалената бројка на медицински сестри во болниците и клиниките низ државава се должи на неколку фактори.
Според неа, потребни се планови со кои сестрите ќе може да се развиваат.
„Недостаток на конкурси, долготрајни статуси на договор на дело, не му се решава статусот и нормално кога ќе имаат шанса да заминат на подобро си заминуват. Имаме и непризнавање на образование. Работните задачи не ги следат обарзовните квалификации. Имаме ситуација каде сестри со виоко обрзование не смеат да дежураат бидејќи ќе земеле плус пари за дежурството. Тоа се правилници во болници. На крај ги имате сестрите кои се со статус договор на дело и немаат стаж и здравствено образование. Ние нора да водиме сметка за здравјето на пациентите. Медицинските сестри ако ги нема во болниците ефикасноста е намалена“, рече Бешлиовска.
Таа зборуваше и дека медицинските сестри не можат да бидат херои со неплатени дежурства и непризнато образование.
„Во овој момент статусот е нарушен со недоволна бројка затоа што и сестрите прегоруваат посебно во несреќи како Кочани но и ковидот. Не можеме само да зборуваме колку се важни. Нас ни се потребни планови кои ќе им овозможат на сестрите да се разрвиваат. Не можеме да бидеме хериои со непризнато образование или неплатени дежурства.Немаме комора но им даваме потврди врз основа на кои заминуваат во странство. Заминуваат сестри кои се искусни. Ние немаме релевантни податоци од 2018 навака за да знаеме точно но во агенцијата за вработување има 600 сестри кои се водат како невработени но таа бројка не е релевантна бидејќи во таа спаѓаат и сестри со договор на дело“, додаде Бешлиовска.