Беса ја одби поканата, нема да оди кај Еди Рама
Лидерите на албанските партии во земјава утре ќе одат на ручек кај албанскиот премиер Еди Рама. Тврдат дека не станува збор за работен состанок со утврдена агенда, но не ги откриваат темите за разговор.
Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани за дел од медиумите вели дека Беса нема да оди во тирана на покана од албанскиот премиер Еди Рама бидејќи целта на закажаната средба на лидерите на партиите на Албанците во Тирана е промовирање на нова влада на Димитар Ковачевски проширена со уште еден коалициски партнер и спас на речиси две години мандат.
„На иста маса со Ахмети не седнуваме“, вели Лимани.