Берлускони: Мојот пријател Путин е втурнат во војна, планот беше поинаков

Рускиот претседател Владимир Путин беше турнат во војна со Украина од проруските сепаратисти во Донбас и руските медиуми и луѓе, изјавил поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за италијанска телевизија.

„Путин беше турнат од руското население, неговата партија и неговите министри да ја измисли оваа специјална операција“, изјавил поранешниот премиер.

Како што пренесува агенцијата Анеса, Берлускони рекол дека руските војници требало да влезат, да пристигнат во Киев за една недела, да ја заменат владата на Зеленски со пристојни луѓе и да се вратат во Русија. Наместо тоа, наишле на неочекуван отпор, кој потоа бил поттикнат од оружје од секаков вид од Западот.

„Војната трае повеќе од 200 дена, ситуацијата стана многу тешка, се чувствувам лошо кога слушам за загинати бидејќи отсекогаш сум верувал дека војната е најголемото лудило од сите работи“, заклучил поранешниот италијански премиер.