Берлинскиот процес на сцена - слободно движење со лична карта во Македонија, Албанија и во Косово
На сила стапуваат трите договори во рамки на Брлинскиот процес потпишан на 3 ноември 2022 година со кои се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел, членство во Европската Унија“
- Преку договорите во Македонија, Албанија и Косово ќе се овозможи мобилност на студентите, професорите и академските работници, а процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци. Со ова на лекарите, забарите и архитектите им се овозможува своите услуги да ги нудат слободно низ регионот. - изјави Османи.
Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнички, согласно завршените правни процедури кај нив, Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, најавуваат од македонското МНР.