Бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар
Foto

Бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

Малопродажните цени на евродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесуваат 49,50 денари за литар, додека на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за два денара. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,762 денари и ќе изнесува 25,311 денари за килограм.

-Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

0 Коментари

Остави коментари