Бензините поевтинуваат, цените на дизелот остануваат исти

Бензините Еуросупер бс-95 и Еуросупер бс-98 од полноќ поевтинуваат за 2 денара по литар, а малопродажните цени на Еуродизел, екстра лесното масло за домаќинство  и на мазутот не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Нова цена на Еуросупер бс – 95 ќе биде 81,00 за литар, а Еуросупер бс – 98 ќе чини 83,50 денари. Екстра лесно 1 ќе се продава за 81,50 денари, а килограм мазут за 42 денари.